Општина Струмица ја продолжува хуманитарната акција за помош на жителите од поплавените подрачја кои претрпеа големи штети од невремето на на 6 и 7 август 2016 година. Сите граѓани и правни субјекти кои што сакаат да помогнат тоа можат да го направат во просториите на домот на АРМ од 8 до 21 часот.
Донираната помош од минатата недела беше доставена до републичкиот Црвен крст, а хуманитарна помош во вредност од еден милион денари достави и општина Струмица по донесената одлука на Советот за помош на настраданите жители во поплавените подрачја.