Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување на четириесет и третата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 26.08.2016 година ( петок).
Четириесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11 ,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на Записникот од четириесет и втората седница на Советот на општина Струмица и Записникот од вонредната седница на Советот на општина Струмица од 08 август 2016 година
II
Д н е в е н р е д
1. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2016 година;
2. Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар сопственост на Општина Струмица;
3. Предлог – Одлука за отстапување основни средства на ЈОУДГ „Детска Радост“ Струмица;
4. Предлог- Одлука за поставување спомен – обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР;
5. Барање согласност за прифаќање на поголем број на деца од капацитетот на клоновите во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
6. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2016 година;
7. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 1064 КО Банско;
8. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7902 КО Струмица;
9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1169/2 КО Градско Балдовци;
10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 3095 КО Дабиља; и
11. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7953/2 КО Струмица.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов