Годинава во нашата земја, по шести пат ќе се случи манифестацијата „Сто илјади поети за промена“, како дел од истоимената глобална манифестација во која се вклучени преку сто земји, со над петстотини настани низ целиот свет. За таа цел „Сто илјади поети за промена“ во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ ги распиша конкурсите за поезија и дизајнерско решение за постери/плакати. Авторите во своите дела треба да обработуваат теми поврзани со промените на глобално и локално ниво.Манифестацијата и годинава е потпомогната од градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица, со што уште еднаш се потврдува безрезервната поддршка за креативноста и творештвото на граѓаните од сите возрасти.