Денес, екипи од ,,Чистота‘‘ и ,,Зеленило‘‘ при ЈПКД ,,Комуналец‘‘ реализираа повеќе активности на улицата ,,Ѓуро Салај‘‘. Според зборовите на шефот на работната група, Васе Стојков, извршено е кроење на јаворите на споменатата улица, чистење на тротоарите, подигање градежен шут, како и чистење и уредување на зелените површини. Вчера такви активности беа спроведени и на улиците ,,Ценка Павлова‘‘ и ,,Максим Горки‘‘. Според најавите, ангажманите од таков вид ќе продолжат и во наредните денови во урбаното јадро на Струмица.