На една седмица до 1. септември, во ООУ „Маршал Тито“ Струмица се е подготвено за почетокот на учебната 2016/2017 година. Во текот на летните месеци реализирани се неколку активности кои се во функција на подобрување на условите за работа во училиштето.
Покрај генералното чистење и молерисување на сите училници и простории во централното и подрачното училиште во с. Попчево, извршена е и реконструкција, преградување и доопремување на наставничката канцеларија, реконструкција и опремување на санитарните јазли со поставување нови ПВЦ врати на истите, како и поставување на светлечко пано со насловот на училиштето. Во тек е изработка на рафтови во училишната библиотека, како и дезинфекција, дезинсекција и дератизација на сите простории во централното и подрачните училишта.