Сите активности за подобрување на условите за работа во ООУ,,Сандо Масев‘‘ се целосно реализирани, а училиштето е подготвено за старт на новата учебна 2016/2017 година. Според зборовите на директорката на училиштето,

Драгица Спасова, во периодот јуни – август, покрај вообичаените редовни активности на варосување на просториите во централното и подрачните училишта, извршена е замена на дрвената столарија со ПВЦ – прозорци во подрачното училиште во Водоча, како и санација на оштетените делови од покривот на подрачното училиште во Баница. Покрај тоа, поставена е и нова топловодна мрежа во дворот на ООУ,,Сандо Масев‘‘, направен е ископ за одводен канал за прибирање на атмосферски води од спортското игралиште и истиот е приклучен на канализационата мрежа, а е извршено и боење на оградата од училишниот двор од страна на наставниците во училиштето. Преземени се и неколку активности во паралелките за аутизам, меѓу кои најзначајна е преадаптацијата на просторија за подготовка на сензорска соба. Со тоа, ООУ,,Сандо Масев‘‘, на една седмица пред стартот на учебната година е целосно подготвено за почеток на наставата.