И оваа година, за време на летниот распуст, во СОУ „Јане Сандански“ Струмица извршени се повеќе реконструкциски зафати, кои обезбедуваат поволни услови за работа на учениците и наставниците. Покрај тековните работи кои се однесуваат на поправка и замена на оштетен инвентар, беа варосани сите училници, кабинети и наставничката канцеларија.
Отстранет е и дефектот на парното греење со реконструкција на топловодната линија што од котларата на училиштето води до ООУ „Сандо Масев“ Струмица. Оваа активност е реализирана со средства од Општина Струмица. Во тек е и реконструкција на кровната конструкција на новото крило на училиштето, која исто така се врши со финансиска помош од Општина Струмица. Пред почетокот на учебната година ќе се изврши и дезинфекција и дератизација на училишните простории.