Денес, Советот на општина Струмица ја одржа својата 43. Седница, на која предмет на дискусии и одлучување беа 13 точки од дневниот ред. Најбогата дебата предизвика првата точка од дневниот ред, која се однесуваше на Кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за вториот квартал од 2016 година, по која истиот, со мнозинство гласови беше усвоен.
Советниците дадоа зелено светло и за Предлог одлуката за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар на општина Струмица, за Предлог одлуката за отстапување основни средства на ЈСУДГ „Детска радост“ – Струмица, за Предлог одлуката за поставување спомен обележје на загинатите пилоти од хеликоптерската единица на МВР, и за Барањето согласност за прифаќање поголем број деца од капацитетот на клоновите во ЈСУДГ „Детска радост“ – Струмица. Со одлука на членовите на Советот, поминаа и шесте точки од дневниот ред кои се однесувааа на прашања од областа на урбанизмот, како и Извештајот за работењето на ЈПЕД „Струмица-гас“ Струмица за првото полугодие од 2016 година и ценовникот на ова претпријатие за приклучување на корисници на дистрибутивната гасоводна мрежа за периодот, август 2016 – август 2017 година.