Во текот на летниот распуст во ООУ „Видое Подгорец“ Струмица преземени се низа активности, за подобрување на условите за работа и престој во училиштето во новата учебна година. Според информациите од директорот на училиштето, Леонид Танчев, извршено е комплетно чистење на училишниот двор, негово оплеменување со нов зелен појас и обновување на клупите, а дел од дворот е поплочен со бекатон плочки.
Покрај тоа извршено е и комплетно оградување на отвореното спортско игралиште со специјална заштитна мрежа, а се подобрени и хигиенско – естетските услови во училиштето со комплетно чистење на училниците, ходниците и санитарниот јазол, уредување на ентериерот и обелување на училишните ходници. Во тек е и уредување на спортската сала и поставување нови грејни тела во истата.