По барање на група граѓани кои живеат на дел од булеварот „Гоце Делчев“, деновиве Јавното претпријатие „Паркиралишта“ реализираше активност на подобрување на јавното осветлување на споменатиот булевар.
Според зборовите на раководителот на Одделението за јавно осветлување при ЈП „Паркиралишта“, Иван Стаменовски, извршена е замена на поголем број дотраени живини светилки, со нови натриумови светилки, кои придонесуваат за значително засилување на јавнотото осветлување. По оваа реализирана активност, граѓани од булеварот „Гоце Делчев“ го споделија своето задоволство од новото осветлување, со службите од Општина Струмица.Според најавите од Стаменовски, во наредните денови ќе следува понатамошно сервисирање на сијаличните места и замена на дотраените светилки во централното градско јадро на Струмица.