Извршени повеќе активности во ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса

Новата учебна година може да почне. Така велат во ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса, по превземените ангажмани во текот на летниот распуст. Според зборовите на директорката на училиштето,

Иванка Георгиева, извршено е целосно реновирање на санитарниот јазол, абрикување и обележување на две училници и два кабинети, замена на дотраениот под со ламинат паркет во еден кабинет, поставена нова ПВЦ врата во спортската сала, замена на заштитната оградна мрежа на спортското игралиште во училишниот двор и комплетно чистење на оџаците во училишната зграда. На два дена пред почетокот на новата учебна година, ќе биде извршена и дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училишните простории.