По повод денешниот голем христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“, Претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, во придружба на пратеникот во Собранието на Република Македонија,
Панче Орцев и претставници од Општина Струмица, присуствуваа на традиционалното празнично чествување во црковниот храм во изградба, „Успение на Пресвета Богородица“. На свеченоста, претставници од МПЦ ОА – Струмичка Епархија на чело со Протојереј Ставрофор – Васе Гоцевски, во чест на празникот, го извршија традиционалното благословување на славската погача. Домаќинка (кума) на овогодинешното чествување беше Зорица Масникоса Поп – Трајкова, а кумството за следната година го презеде Анастас Цамбулев. Претставниците на Општина Струмица присуствуваа и на традиционалниот ручек во црквата „Свети Петнаесет“, кој секоја година, во чест на денешниот празник, се одржува со благослов на Неговото високо преосвештенство, Митрополитот струмички, Господин Наум.