Во рамките на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржува втората работилница на тема „Развој на стратешка рамка” од 30 август до 1 септември 2016 година во хотелот Монтана Палас во Крушево. На работилницата учествуваат институциите од областа на културата,општинските администрации претставници на граѓанските организации и Советите на општините: Струмица, Струга и Центар.
Во текот на првиот ден (30 август, 2016), се одржаа две тркалезни маси. Првата беше на тема: „ЕЛС и граѓанските организации партнери во креирањето и имплементацијата на политиките за култура на локално ниво, а втората: „Културните потенцијали (традицијата и сегашните капацитети) во функција на идниот развој на културата на локално ниво.Проектот ,,Граѓанско учество за локална демократија’’ е поддржан од Европската унија и се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во партнерство со ЗГ Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД) во општините Струга, Струмица и Центар. Негова цел е да помогне во зајакнување на влијанието на граѓанското општество во развојот на јавните културни политики и донесувањето одлуки на локално ниво, како и создавање средина која ги охрабрува активностите на граѓанските организации за имплементација на локалните културни политики. Проектот започна со реализација во јануари 2016 година и ќе трае до јуни 2017 година.