Горливите проблеми од немањето комунална инфраструктура на улицата „Бетовенова “, за граѓаните кои живеат на оваа улица , наскоро ќе станат минато. Имено, согласно програмата на Општина Струмица,
ЈКПД „Комуналец „ веќе ги заврши активностите за поставување на водоводна линија, фекална и атмосферска канализација на оваа улица, која од нејзиниот долен дел води кон „Турските гробишта “. Според изјавата на Андреј Тошев , раководител на работната единица за проектирање, надзор и контрола при ЈКПД „Комуналец“ , „Бетовенова “ добива водоводна линија од 416 метри, фекална канализација во должина од 417 метри и атмосферска канализација од 112 метри, заедно со пропратните елементи , како што се ревизиони шахти и атмосферски сливници. Продолжуваат работите на приклучна комунална инфраструктурна мрежа која ќе овозможи приклучување на водоводната и канализационата мрежа, на сите семејства кои живеат во овој дел на градот. Со овие активности се создаваат услови за тампонирање и бетонирање на улицата , во должина од 335 метри, за што Општина Струмица веќе ги започна неопходните процедури.