Кон крајот на оваа седмица ќе продолжат активностите на редовно сервисирање на уличното осветлување на територијата на општина Струмица. Според зборовите на директорот на ЈП „Паркиралишта“,
Верица Узунова, во чија надлежност е и јавното осветлување, создадениот застој во оваа редовна активност се должи на постапката и законската процедура околу јавната набавка на репроматеријали за улично осветлување, која беше продолжена од страна на државни институции. Со разрешување на причините за наметнатиот застој, наскоро ќе продолжи редовното сервисирање на уличното осветлување во градот и населените места, како и соодветното постапување по барањата од граѓаните. Од ЈП „Паркиралишта“ им упатуваат јавна благодарност на сите засегнати граѓани, за разбирањето околу продолжената законска постапка за јавната набавка на репроматеријали за улично осветлување.