Општина Струмица денеска ја реализираше традиционалната крводарителска акција, а по повод 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија и 11 септември – Денот на ослободувањето на Струмица.
Со собрани 30 крвни единици, општинската администрација и во оваа 21 крводарителска акција ја потврди својата хуманост и солидарност дарувајќи ја својата драгоцена течност за да спаси нечиј човечки живот.Со денешната акција уште еднаш се потврдува дека вработените во општина Струмица несебично ја даруваат својата драгоцена течност на сите на кои таа им е потребна. Поголем дел од општинската администрација се вклучи и можеме да оцениме дека акцијата на општина Струмица е успешна, рече илија Патриков, вработен во општина Струмица.Оваа крводарителска акција ја организираше општина Струмица во соработка со Црвениот крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина.