Деновиве Општина Струмица одговори позитивно на барањето на членовите на џамискиот одбор во Струмица, по што ЈПКД „Комуналец“ во дворот на џамијата во турското маало , реализираше активност на поставување урбана опрема.
За потребата на посетителите, поставени се пет клупи и повеќе канти за смет, со што се создадени идеални услови за одмор и релаксација на верниците, како и за унапредување на чистотата и хигиената во џамискиот двор.Оваа активност е само уште еден доказ за „слухот“ на градоначалникот Зоран Заев и Општина Струмица за потребите и барањата на сите граѓани од општината.