Продолжува успешното партнерство помеѓу граѓаните и општина Струмица. Плод на тоа партнерство е уште еден летниковец, овој пат на улицата „Крсто Узунов“ број 5 во Струмица.
Со тоа граѓаните добија убаво катче каде што ќе можат да го поминат своето слободно време. Во рамките на проектот за нови зелени површини кој во мај годинава почнаа да го реализираат општина Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ досега се поставени 20 летниковци во градот и населените места.