Пензионерите го наградија градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, за несебичната и континуирана поддршка која што ја добиваат од него во реализацијата на нивните активности. Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, плакетата за особен придонес во развојот на пензионерското организирање во Македонија ја додели на свечената академија која што се одржа во Скопје, а по повод 70 години од пензионерското организирање во Македонија.