Општина Струмица денеска започна со реализација на образовните обуки во рамките на проектот „Поддршка на Старт ап бизниси за млади“, финансиран од општинскиот буџет и од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Обуките ќе бидат спроведени од експерти ангажирани од страна на избраниот економски оператор за реализација на проектот Нолеџ центар од Скопје и денес работат на поттикнување на претприемништво кај младите луѓе во општина Струмица преку зајакнување на нивното знаење и вештини во идентификување на добри бизнис идеи и подготовки на бизнис планови. По дводневните обуки комисијата за оценка и избор на кандидати ќе направи селекција на 20 најдобри бизнис идеи кои понатаму ќе се развијат преку тематски обуки за развој на бизнис планови. Осумтте најдобри бизнис планови ќе бидат наградени со парична награда заради започнување со реализација на бизнис планови, рече Нела Масалковска од Одделението за локален економски развој на општина Струмица.„Поддршка на старт ап бизниси за млади“ е проект кој граѓаните го избраа за приоритетен на буџетскиот форум кој што се одржа во октомври минатата година.