Во рамките на проектот „Граѓанско учество во локалната демократија“ во Охрид се одржа третата работилница „Развој на акционен план“ на која учествуваа претставници од општина Струмица. Потенцијалите за Јавно-јавно и Јавно-приватно партнерство за развој и понуда на културни содржини на локално и регионално ниво и како да се создадат услови на локално ниво за секој да може да искуси култура, да учествува во културните програми и да ги развие своите креативни потенцијали, беа само дел од темите на оваа работилница.
Изготвувањето на Стратегијата за култура на општина Струмица 2016-2020 се врши со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија и здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија од Скопје, а во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ финансиран преку инструмент за претпристапна помош од Европската Унија. Со изготвувањето на Стратегија за култура, уште еднаш се потврдуваат сериозниот однос и максималната поддршка на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица кон културата и нејзините носители во општина Струмица.