Во организација на здружението за култура и развој на креативни индустрии „КУЛТ-ТРАНЗЕН“ во галеријата на Завод и Музеј – Струмица отворена е изложба, а се промовираше и монографија на пет струмички уметници, Василка Христова, Атанас Мучев, Стојан Пачов, Момчило Петровски-Момо и Стојчо Гоцков.
Меморијалната изложба и промоцијата на монографијата се реализираа во рамките на проектот „Сеќавање на една уметност“, финансиски поддржан од општина Струмица преку програмата Г1-трансфер до невладини организации.