Викендот што измина беше во знакот на 37-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили кое што се одржа на патеката на Тркања, под генерално покровителство на општина Струмица. Релито го отвори градоначалникот Зоран Заев,
кој рече дека како голем и пасиониран љубител на авто-мото спортот и понатаму ќе биде голем поддржувач на ова натпреварување како и на сите вакви слични спортски манифестации и дека како и до сега, ќе им биде пријател на сите спортисти, спортски клубови и национални селекции, затоа што спортот во Македонија заслужува многу повеќе. На релито учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија, а на најдобрите наградите им беа врачени во хотелот „Тивериопол“.Во класата автомобили, првото место го освои Зоран Здравков, второто Христаки Давидковски, а трет беше Миле Кољушков. Во класата „олд тајмери“, најдобар резултат освои Зоран Мазиовски, второто место го освои Драги Петрушевски, а третото Методи Мазновски. Во класата до 1700 ццм³ првото место го освои Ќосе Шкелким од Албанија, втор Горан Ситновски и трет Игор Ружински и двајцата од Македонија. Во класата од 1701 до 2000 ццм³, најдобар беше Далибор Даневски, зад него Зоран Мазновски, додека трет Методи Мазновски. Во класата од 2001 до 2500 ццм³, прв е Бобан Јосифовски, втор Иван Димитровски, трет Драги Петрушевски. Во класата од 2501 до 3000 ццм³, најдобар беше Братислав Миниќ – Батак од Србија, второто место го освои Јорданчо Цонев и третото Ивица Јакимовски и двајцата од Македонија. И во класата над 3000 ццм³, најдобар резултат освои Рентјан Сина од Албанија, зад него беше Игор Јакимовски, додека трет беше Дарко Попоски од Македонија.Кај дамите првото место го освои Весна Михаилова, втора Весна Трајковска, додека третопласирана е Сандра Кочишка, а победник во генерален пласман е „Ренрјан Сина“ од Албанија.Во знак на благодарност за поддршката, на градоначалникот Зоран Заев му беше доделена плакета, а благодарници на сите поединци и компании кои што го помогнаа одржувањето на 37-то меѓународно рели и рели крос со теренски возила и автомобили.