Почитувани граѓани,
Од мое лично име и од името на општина Струмица, Ви го честитам 11-ти Октомври Денот на народното востание, симболот на македонската борба за слобода и Денот на борецот.
Денес, 75 години по востаничкиот Октомври, им оддаваме почит на борците кои ги положија своите животи во народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија. Се гордееме на нивниот непокор, на нивната храброст и одлучност да ја ослободат Македонија од туѓите поробувачи. Но, и се заветуваме да го чуваме нивниот аманет за национални, социјални и политички слободи и права.
Затоа, денеска, упатувам јасна порака до сите Вас, да се обединиме во името на исконскиот стремеж за слободна и демократска Македонија. Да си ја зачуваме државата, за нас и поколенијата по нас. Да ја направиме Република Македонија пристојно место за живеење, држава во која се почитуваат човековите права и слободи, држава со силна економија и пристоен стандард на граѓаните, член на европското семејство. Тоа е наша обврска, а сега е вистинско време за да ја исполниме.
Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври!
Општина Струмица
Градоначалник
Зоран Заев