Со денешните интервенции на уште две улици, завршува планираното санирање на ударните дупки на улиците во градот и во населените места. Во изминатиот период се интервенираше на вкупно 42 улици во градот и на улици во населените места Куклиш и Градско Балдовци, а ќе се работи и на улиците во Вељуса, Добрејци, Просениково и Банско.