Општина Струмица и Центарот на заедницата организираат граѓански проектен форум

Центарот на заедницата на општина Струмица во соработка со Општина Струмица и оваа година организираат граѓански проектен форум. Граѓанскиот форум ќе се одржи на 21.10.2016 (петок) со почеток во 18.00 часот во Дом на АРМ (голема сала), Струмица.

Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Присутните граѓани ќе имаат можност да ги проследат планираните проекти од акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации и од истите да предложат приоритетни проекти кои ќе ги имплементира општина Струмица во периодот 2016 – 2017 година. Граѓанските форуми во општина Струмица ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во рамките на Концептот „Општина по мерка на граѓаните“.