Работна група од ЈПКД „Комуналец“ интензивно работи на уредување на гобиштата во село Добрејци. Според информациите од јавното претпријатие, во моментов се работи на целосно чистење и израмнување на земјиштето на гробиштата, по што ќе следи проширување на истите и нивно оградување. Овој проект е дел од Програмата „Уредување на простор во рурални подрачја“ за 2016 година, на Општина Струмица, за што се проектирани и обезбедени средства од општинскиот Буџет.