Проектот за изградба на нов НВО центар – создавање механизми за институционална соработка помеѓу општина Струмица и граѓанскиот сектор доби 80 гласови и тој е приоритетниот проект кој што општина Струмица ќе го имплементира во 2016-2017 година, така одлучија граѓаните на Граѓанскиот проектен форум кој што синоќа се одржа во големата сала на домот на АРМ. Неговата изградба ќе се финансира со 2.200.000 денари обезбедени од општина Струмица и Фондацијата Отворено општество Македонија.