Општина Струмица и денеска продолжи со градежните активности планирани за оваа 2016 година. Согласно Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, се асфалтираше во населеното место Костурино. Асфалтен слој викендот беше поставен и во Габрово, а во тек се подготовките во населеното место Рич. По населените места, овие градежни активности ќе продолжат во градот, а се финансираат со средства од буџетот на општина Струмица.