Започна реконструкцијата на тротоарот на улицата „Елка Јанкова“ во Струмица. Се вади стариот бетонски слој и се поставуваат бекатон плочки во должина од 200 метри, а во ширина од два метра. Со овој градежен зафат кој што се реализира со средства од општина Струмица, а согласно планираните активности за оваа година, ќе бидат опфатени и други локации во градот.