Во рамките на реализацијата на проектот „Создавање на поволно деловно опкружување за економска одржливост на прекуграничниот регион Струмица – Кичево – Кукуш“ – Бизнис Мрежа С-К-К, финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013, денеска, во хотелот „Сириус“ започна тридневна обука на тема „Успешно претставување на саем“.
На обуката учествуваат претставници на бизнис секторот, локалните и регионалните власти, стопанската комора, организации и институции за поддршка на бизнисот од општините Струмица и Кичево и подрачната единица Кукуш.Учесниците имаат можност да се запознаат со бизнис можностите кои ги нуди саемот, подготовки за саеми и штанд, подготовка на екипата за работа, план за учество на саем, претставување и придобивки, како до поголема посетеност, ризици и саемски препораки.Обуката ќе трае до 10 ноември.