Заврши уредувањето на новиот парк во населеното место Куклиш. Жителите добија прекрасно катче, комплетно уредено со урбана опрема, детски реквизити, осветлување и соодветно хортикултурно уредување.Со изведбата на паркот во Куклиш се заврши и последниот парк од предвидените пет чија изведба започна во месец мај годинава.
Покрај Куклиш, нови паркови површини се уредени во населените места Просениково, Свидовица, Костурино и Муртино. Целата инвестиција на овие паркови е од околу три милиони денари.Градоначалникот Зоран Заев заедно со Советот на општина Струмица продолжуваат со подобрувањето на условите за живот на граѓаните во населените места.Општина Струмица апелира до граѓаните од петте населени места да ги чуваат и одржуваат парковите затоа што тие остануваат во нивна сопственост и за нивни потреби.