Во домот на АРМ денеска се одржа јавна расправа по предлог Стратегијата и Акциониот план за култура на општина Струмица 2017 – 2022 година. На расправата беа презентирани стратешкиот и акциониот план за развој на културата во општина Струмица, беше презентиран и процесот за изработка на нацрт верзијата на истите, а се расправаше и за идните активности.Изготвувањето на Стратегијата е во рамките на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“ со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија и здружението на граѓани Центар за развој на локалната демократија од Скопје.