Викендов се работеше и во населеното место Муртино. Таму продолжија градежните активности на поставување втор слој асфалт, а кои започнаа во населеното место Градско Балдовци. Нов асфалтен слој е ставен на улицата од која што од центарот води кон Моноспитово. Со овој градежен зафат кој е финансиран од буџетот на општина Струмица ќе бидат опфатени и улици во населените места Баница и Просениково, а втор слој асфалт ќе се става и на улици во градот.