Вкупно 189 пријави биле доставени до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец октомври. Од нив решени се 164 пријави, а останатите 25 се во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ се од областа на уличното осветлување 115, од областа на собирање смет 18, водовод и канализација 11, општински инспекциски служби 2, паркови и зеленило 15 и останатите се од други области. Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за соработката и користењето на услугите и апелираат за навремено пријавување на проблемите на бесплатниот телефонски број 080014848.