Заврши поставувањето втор слој асфалт на локалниот пат од Струмица кон населеното место Просениково, односно, на делницата од „Сале комерц“ кон Просениково, а согласно склучениот договор меѓу општина Струмица и АД „Гранит“ од Скопје. Овој градежен зафат се реализираше со средства од буџетот на општина Струмица.