Изградбата на фекалниот канализационен систем во населеното место Добрејци е во завршна фаза. Според Тони Милушев, раководител на одделението за локален економски развој на општина Струмица, досега е поставена канализациона мрежа во должина од 10.761 метар со 240 ревизиони шахти, остануваат уште неколку зафати кои што треба да завршат до крајот на месецот. Финансиските средства во висина од 36 милиони денари беа обезбедени од Европската инвестициона банка, а врз основа на претходно подготвена апликација од администрацијата на општина Струмица, прифатена и одобрена од нивна страна.
Градоначалникот на општина Струмица во соработка со Советот на општина Струмица години наназад преку реализацијата на бројни бројни инвестициски проекти и други активности континуирано работат на остварување на визијата општина Струмица да се гради по мерка на граѓаните, и воедно да се потврди намерата општина Струмица да биде и остане најпосакуваното место за живеење во Република Македонија. Потврда затоа е реализацијата на пректот за изградба на фекален канализационен систем во населеното место Добрејци. Финансиските средства во висина од 36 милиони денари се обезбедени од Европската инвестициона банка, а врз основа на претходно подготвена апликација од администрацијата на општина Струмица, прифатена и одобрена од нивна страна. Согласно тендерот за најповолен изведувач е избрана фирмата Жикол од Струмица, а надзорот ќе го врши МИМ од Скопје. Овој проект е во завршна фаза и досега имаме поставено канализациона мрежа во должина од 10.761 метар со 240 ревизиони шахти. За реализација остануваат уште неколку зафати или околу 5% од целата реализација и согласно договорот фирмата изведувач има има обврска истата да ја заокружи до крајот на месецот, потоа следува технички прием и преземање на објектот од страна на ЈПКД „Комуналец“ заради приклучување на семејствата и понатамошно одржување на истиот. Со реализацијата на овој проект целото населено место Добрејци се покрива со канализациона мрежа и воедно се решава еден од круцијалните досегашни проблеми на жителите од тоа место, рече Милушев.