Општина Струмица денес ја спроведе својата традиционална посебна акција на садење дрвја, која овој пат се реализираше на нова локација, покрај реката Тркања, која на јавноста и е позната како место на одржување на традиционалниот „Џип рели крос„ .
Во акцијата, покрај општинската администрација, учество зедоа и вработени во општинските јавни претпријатија, претставници од ТППЕ – Струмица, како и вработени во „Струмица табак“ и „Лукоил“ кои на дело ја покажаа својата општествено одговорност. Во акцијата беа засадени преку сто сопствени разновидни зимзелени дрвја со висина од преку 1 метар и 20 сантиметри, кои гарантираат брзо вегетирање. Покрај наведената локација, дрвја се садеа и во градскиот парк, како и во неколку урбани заедници, во уредените дворови на станбени згради, покрај летниковци и сл. И со денешната успешно спроведена акција, Општина Струмица повторно докожа дека со конкретни мерки и активности, се грижи за збогатување на животната средина и за здравјето на граѓаните.