Утре со почеток во 10 часот, Општина Струмица ќе ја спроведе својата посебна акција на садење дрвја, која традиционално се реализира секоја година. Според најавите од задолжените лица за спроведување на акцијата, истата ќе се реализира на нова локација, покрај Тркања, која на јавноста и е позната како место на одржување на традиционалниот „Џип рели крос„ . Во акцијата, покрај општинската администрација, ќе учествуваат и вработени во општинските јавни претпријатија, претставници од ТППЕ – Струмица, како и вработени од неколку општествено одговорни приватни фирми од нашата општина, а се очекува да бидат засадени преку сто разновидни зимзелени дрвја со висина од преку 1 метар и 20 сантиметри.