Вечерва со почеток во 18.00 часот во хотелот „Тивериопол“ во Струмица ќе се одржи втората сесија на Граѓанскиот буџетски форум во организација на општина Струмица и Центарот на заедницата на општина Струмица.Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на Општината и зголемување на транспарентноста на Општината.Општина Струмица ги повикува сите заинтересирани граѓани и граѓански здруженија, да земат учество на оваа втора форумска сесија, како што тоа го сторија и на првата, и да ја искористат укажаната можност да ги проследат развојните програми на Општината, да дискутираат по нив и истите соодветно да ги рангираат.Граѓанските форуми во општина Струмицa ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), а во рамките на концептот „Општина по мерка на граѓаните“, кој ФООМ го спроведува во партнерство со општина Струмица.