Во хотелот „Арабела“ во Кичево на 16 и 17 декември се одржа Бизнис саем за прекугранична соработка Струмица – Кичево – Кукуш – Поликастро „Кичево-ЕКСПО“ на тема „Органско производство и здрава храна“.Целта на Бизнис саемот беше да придонесе за побрз економски развој на прекуграничниот регион преку обезбедување можности за вмрежување и соработка помеѓу малите и средните претпријатија.