Општина Струмица пред претстојните новогодишно – божиќни празници уште еднаш ја потврди континуираната поддршка на паралелките за образование на деца со аутизам во основното општинско училиште „Сандо Масев“ во Струмица. Сите деца добија новогодишни пакетчиња од Дедо Мраз, а претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, придружуван од советниците Костадин Костадинов и Петар Божинов им ги честиташе претстојните празници со желба за поубава, посреќна и повесела Нова година.
Општина Струмица неколку години наназад и оваа година донираше новогодишни пакетчиња кои им беа доделени на децата кои што го посетуваат овој воспитно-образовен процес. Ја користам оваа прилика од името на Градоначалникот и Советот на општина Струмица на сите деца и на целокупниот кадар кој го овозможува овој наставен процес да им ја честитам Новата година и претстојните божиќни празници и да им посакам поубава, повесела и посреќна Нова година, рече Христов.Од името на децата, нивните родители и наставниот кадар, на градоначалникот Заев и Советот на општина Струмица за континуираната поддршка им се заблагодари Спасе Додевски, дефектолог во училиштето.Традиционално на крајот од годината која истекува и на почетокот на новата календарска година, нашите деца пак се почестени со подароци, внимание и средба со претставници на општина Струмица со цел заедно да ја сумираме работата од претходната календарска година и да си посакаме среќна Нова година. Заедно ги сумиравме сите реализирани планови од претходната 2016 година која што ни беше доста успешна во која реализиравме голем број обуки, настани, го реализиравме проектот сензорна соба кој што ќе биде отворен во следната 2017 година, сето тоа со огромна поддршка од.градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица и поради тоа од името на родителите, од името на децата со аутизам и од наше лично име и од целокупниот персонал на основното училиште „Сандо Масев“ им благодариме и се надеваме дека таа соработката ќе продолжи и во следната 2017 година, рече Додевски.