Традиционално на крајот и од оваа година, синоќа, во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост се одржа предновогодишна забава на која присуствуваа претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов и членот на истиот, Петар Божинов. Забавата помина во пријатна и празнична атмосфера во која покрај членовите на „ПОРАКА“ свој придонес имаа и членови на Младинскиот совет.
На ова предновогодишно дружење присуствуваше и Дедо Мраз кој ги подели новогодишните пакетчиња традиционално обезбедени од градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.Општина Струмица како и секоја година така и оваа, традиционално им доделува новогодишни пакетчиња на корисниците на овој Центар. Пакетчињата се поделени, децата се весели и насмеани, тоа и го очекувавме од нив, да изнудиме насмевка и да бидат дел од новогодишниот амбиент кој што овие денови ја опкружува Струмица. Истовремено, сакам на сите од овој Центар да им ги честитам претстојните новогодишно – божиќни празници и да им посакам поубава и посреќна Нова 2017 година, рече Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица.