Градоначалникот Зоран Заев, присуствуваше на новогодишно – божиќниот хуманитарен концерт што синоќа се одржа во НУЦК „Антон Панов“, а во организација на средното општинско училиште „Јане Сандански“ и Младинскиот совет. Освен со купените влезници, градоначалникот Заев донираше и дополнителни парични средства за лекување на Николина Митева, Мартина Стојкова и Марија Гошева. Овој хуманитарен концерт се одржа по петти пат, а годинава беше насловен како „Мрак или светлина“ и во него учествуваа околу шеесетина солисти, хористи, танчери и инструменталисти од СОУ „Јане Сандански“.Свој придонес во остварувањето на хуманите цели на концертот, дадоа и претседателот на Советот, Јосиф Христов и членови на истиот.