Ве известуваме дека на ден 16.01.2015 година (петок) со почеток во 11.00 часот, во Салата на Советот на Општина Струмица (поранешен Дом на АРМ), ќе биде одржана јавна презентација на Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица.
СОЖС Извештајот и Програмата се објавени на интернет страната на Општината на 25.12.2014 и сеуште се достапни за заинтересираната јавност (на интернет страната и во просториите на Општина Струмица).
Заинтересираната јавност има можност во рок од 30 дена (заклучно со 23.01.2015) да даде свое мислење и забелешки по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина во електронска или печатена форма или тоа да го стори на самата расправа.
Го очекуваме Вашето присуство и евентуалните забелешки и сугестии.
Контакт лице: Софче Иванова тел. 076 483 162 e-mai: sofce.ivanova@strumica.gov.mk