Општина Струмица е вклучена во реализацијата на проектот „Зајакнување на локалните донесувачи на одлуки во југоисточна Европа“ што го спроведуваат ЗЕЛС, мрежата на асоцијации на локални власти на југоисточна Европа (НАЛАС) и германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ).
Целта на проектот е да се подобри капацитетот за менаџмент, лидерство и соработка на општините и општинските јавни претпријатија за вода и отпадни води, со посебен акцент на подобрување на општинските услуги и соодветните капацитети за искористување на средствата од меѓународните фондови. Во рамките на планираните активности, денеска, се одржа средба со претставници на општина Струмица и Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ со Санди Зулиќ регионален експерт од Босна и Херцеговина.Овој проект се спроведува во четири пилот држави, Македонија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Од Македонија вклучени се 15 општини. Истиот треба да поттикне размена и да сподели модерни стандарди и норми за менаџмент помеѓу општините и јавните претпријатија за вода и отпадни води во партнерските земји преку соодветните асоцијации и мрежи, а ќе биде спроведена студија за проценка на потребите од обука и сите понатамошни активности ќе бидат базирани на резултатите од оваа студија.