Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Заводот за трансфузиона медицина на 15 јануари (четврток) ја организира 16-та по ред крводарителска акција. Оваа крводарителска акција е традиционална и се реализира по повод новогодишно – божиќните празници. Во акцијата ќе учествуваат вработените во општината и Територијалната професионална противпожарна единица и членови на Советот, а се покануваат и сите граѓани на општината и пошироко да дадат свој придонес во спасувањето на нечиј живот. Акцијата ќе се одржи во просториите на Заводот за трансфузиона медицина од 8 до 14 часот.