Секторот за урбанизам и комунални дејности при општина Струмица, согласно законот за постапување со бесправно изградени објекти издал 1.652 конечни решенија за легализирање на дивоградби.За 3.583 предмети документацијата е комплетирана со доставени елаборати, врз основа на кои за 2.018 предмети е изработена урбанистичка согласност со пресметка за плаќање на такса за легализација, а 27 се одбиени.
Разликата меѓу издадените пресметки и урбанистички согласности во однос на издадените конечни решенија, укажува дека барателите за легализација ја имаат примено пресметката, меѓутоа, се уште од нив се чека потврда за платена такса за легализација.Од Секторот за урбанизам и комунални дејности истакнуваат дека најголемиот проблем во легализацијата на дивоградбите е тоа што граѓаните бавно ги исполнуваат своите обврски. За вкупно поднесените 9.307 барања за легализација, досега се поднесени само 3.583 елаборати и затоа апелираат до граѓаните да ја завршат започнатата постапка, односно да ја комплетираат документацијата и да ја платат таксата, за да може побрзо да се решаваат барањата за легализација на дивоградбите во општина Струмица.