По повод новогодишно – божиќните празници, денеска, во службата за трансфузиона медицина беше реализирана крводарителска акција за вработените во општина Струмица.
Собраните 35 крвни едници уште еднаш ја потврдија хуманоста на општинската администрација и желбата за спасување нечиј живот.По 16-ти пат ја потврдуваме нашата хуманост, одзивот е повеќе од задоволителен и секогаш кога се организираат вакви акции, целата општинска администрација е тука за да дарува крв. Чувството да се дарува крв не може да се опише, треба секој да проба, бидејќи кога знаеш дека со секоја подарена капка крв спасуваш на некој живот, е нешто што не се опишува со зборови, рече Марија Гарванлиева вработена во општина Струмица.Оваа акција е традиционална и се одржува во организација на Основната организација на Црвениот Крст при општина Струмица во соработка со Црвениот Крст на Струмица и Службата за трансфузиона медицина.