Денес во салата на Советот на општина Струмица се одржа јавна презентација на извештајот за стратегиска оцена на животната средина во рамките на реализацијата на Програмата за водоснабдување, одведување, собирање и прeчистување на урбани отпадни води за агломерација Струмица.
Стратегиската оцена се реализира во рамките на „Инвестициски проект за третман на отпадни води во агломерација на Струмица”, развиена во рамките на проектот EuropeAid/133257/D/SER/MK – „Изработка на студии (ФС, ОВЖС, КБА), проектна документација и тендерската документација за инвестициски проекти за собирање и третман на отпадните води во Општините Струмица, Битола и Тетово “.Во расправата е констатирано дека Стратегиската оцена во целост ги покрива сите аспекти за развој и реализација на квалитетен Проект, што ќе придонесе за квалитетен и целосен третман на отпадните води во новиот систем за прочистување на отпадни води во согласност со националното и ЕУ законодавството.